Неколку часа пред најавеното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин, Google забележа зголемен број на прашања од Русија, а особено една фраза.
„Како да ја напуштите Русија“ е најгугланата фраза во Русија, која може да се види и на Google Trends.
Прашањето најмногу се гуглаше околу 18 часот по локално време, набргу откако се појави веста за обраќањето на рускиот претседател.
Претходно во вторникот руските пратеници едногласно усвоија закон со кој во кривичниот законик се воведуваат концептите на „мобилизација“ и „вонредна состојба“. Тоа, во комбинација со функционерите назначени од Русија на окупираните територии на Украина кои повикуваат на „референдуми“ за анексија од 23 до 27 септември, доведе до широки шпекулации дека Путин наскоро ќе објави општа мобилизација, пишува Медуза.