Погледнете какви „лудории“ побарал и добил бразилскиот ас од Саудијците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, и официјално во наредниот период ќе настапува за Ал Хилал и тоа за астрономска плата која со бонуси ќе биде некаде околу 160 милиони евра или 320 милиони евра за две години.

Тоа е веќе повеќе или помалку познато, но вреди да се види кои сите „лудории“ Нејмар ги побарал и што е најважно, ги добил од неговиот нов клуб, тој се ова кое што подолу ќе го прочитате го има ставено во договорот во вид на клаузула.

– Вила со 25 соби

– Базен од најмалу 4х10 метри и три сауни

– Пет работници со полно работно време кои ќе се грижат за вилата

– Помошничка за својот личен кувар и две хигиеничарки

– Во фрижидерот да има постојана залиха со неговиот омилен пијалак Акаи сокот

– Да има осум автомобили, од кои три веќе се во гаражата и тоа Бентли, Астон Мартин и Ламборџини Хуракан

– Да има на располагање неколку возачи 24 часа на ден или 365 денови во годината

- Advertisement -
Ad image

– Секако дека му е ставен на располагање и приветен авион и секде каде што сака да патува во текот на слободните денови тоа ќе му се плати

– Сите хотелски сметки, сметки од ресторани или слично, било каде во светот што ќе ги направи Нејмар ќе треба да се праќаат на адресата на Ал Хилал

– Ќе добива по 500.000 еура по објава на своите социјални мрежи, односно на Инстаграм, ако ја пропагира С. Арабија

- Advertisement -
Ad image

Се разбира дека ова не е сѐ, ова е само дел од она што Нејмар ќе го добива од клубот од С. Арабија покрај тие 160 милиони евра нето плата.

Share This Article