More

    Погледнете како изгледа најпопуларниот турски актер кој ги залуде жените на Балканот

    spot_img

    Најпосакуваниот турски ерген, актерот Џан Јаман, на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира гол до појас и откри дека ослабел 10 килограми за 30 дена. Во описот на објавата згодниот актер објасни како течела неговата физичка трансформација.

    „Како ослабев 10 килограми за 30 дена? Откако го завршив снимањето на „Violet Like the Sea 2“ ги искористив неколкуте слободни денови и Божиќ, решив да се вратам во мојот роден град за да можам да поминам малку време со моите родители, семејството и другите луѓе кои ми се блиски. Треба малку да се одморам и да се исклучам, но никогаш не претерувам! Сакав да уживам и во турската кујна која многу ми недостигаше. Знаев дека кога ќе се вратам во Рим ќе ме чека напорна работа, радикална промена, да се подготвам за следниот лик: Сандокан! И така беше: штом се вратив, почнав да се активирам … Првата цел беше да ја достигнам идеалната тежина за ликот, а потоа да се фокусирам на менталните аспекти. Тоа беше многу тежок период, за еден месец ослабев речиси 10 килограми, од 94,5 килограми на 85 килограми“, напишал Џан под објавата.

     

    „Тоа беше, и е, особено интензивна фаза, се откажав од многу задоволства во животот. Морам да вежбам 2 или 3 пати на ден и да постам повремено, 16:8, со низок внес на калории. Сепак, нема причина за загриженост, и покрај исцрпеноста, јас сум совршено здрав, подмладен, детоксифициран и лесен, но пред сè многу задоволен. Сè се случува со континуирано следење од сериозни и компетентни професионалци. На крајот на краиштата, тоа е она што актерите го прават: се трансформираат посветено кога е потребно и одвреме-навреме се обликуваат во нова улога. Ќе продолжам додека не дојдеме до совршениот Сандокан. Сепак признавам дека денес решив да се одморам од правилата и да јадам што сакам … Ве молам продолжете да ме поддржувате како и секогаш. Ве прегрнувам. Се гледаме наскоро“, напишал актерот.

    Џан важи за еден од најзгодните турски актери, а го нарекуваат „турскиот Џејсон Момоа“.

    Џан последните години живее во Италија, а познат е и по романсата со познатата спортска новинарка Дилета Леота. Сега веќе поранешната двојка, се сврши еден месец по започнувањето на врската, а планираа и раскошна венчавка до која не дојде. Од нивното раскинување, Џан својот приватенживот го држи во тајност, а Дилета сега е свршена со германскиот фудбалер Лорис Кариус со кого доби дете.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img