Новак Ѓоковиќ не успеа навреме да го заврши осминафиналето на Вимблдон и дуелот мораше да биде прекинат и да продолжи следниот ден. Српскиот тенисер води со 2:0 во сетови против Хуберт Хуркач, а двата сета ги доби во тај-брејк по голема борба.
Мечот меѓу двајцата тенисери започна подоцна од предвиденото бидејќи програмата беше продолжена поради претходните натпревари, па играчите имаа нешто повеќе од два часа да го завршат мечот без да влезат следниот ден.
При резултат 4:3 за Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери досега имаше брејк топка на сервис на Хуркач.
Тој одлично го врати проектилот на полскиот тенисер и дојде на дофат на поен и прекин со кој ќе го скршеше мечот, но топката тргна по чуден пат по еден удар на ривалот и Новак, обидувајќи се да стигне до неа, го заби во мрежата и пропушти ретка можност да му го одземе сервисот на ривалот.
Натпреварот е закажан да продолжи во 16 часот.