More

    Поглаварот на МПЦ-ОА бара покајание од МРТ

    spot_img

    Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан реагира и бара извинување од МРТ за тоа што за време на синоќешниот Божикен концерт што беше пренесуван на МТВ1 на кајронот наместо титулата „архиепископ охридски и македонски” стоеше скратената титула „архиепископ охридски”.

    „За време на вчерашниот Божикен концерт на празнични песни – одржан како завршен дел од манифестацијата „Бадникови поворки”, беше направена груба, се надеваме ненамерна, грешка. Имено, за време на нашиот благодарствен говор на кајронот на МТВ1 наместо титулата „архиепископ охридски и македонски” стоеше скратената титула „архиепископ охридски“.

    Не сакајќи да веруваме дека станува збор за свесно или нарачано искривување на титулирањето на поглаварот на Македонската православна црква ‒ охридска архиепископија, ве замолуваме уште денеска во средствата за информирање на јавниот сервис да објавите извинување за овој голем превид. Во спротивно ќе бидеме принудени и ние лично како архиепископ охридски и македонски и сите свештенослужители на Скопската епархија и на други македонски епархии да ја преиспитаме нашата соработка со јавниот сервис, а којашто сè досега, беше исклучително коректна и плодотворната. Верувајќи дека ќе излезете во пресрет на ова наше барање и дека во иднина нема да се прават вакви сериозни грешки, ве поздравуваме со торжествениот христијански позив: Х Р И С Т О С   С Е   Р О Д И!“, се наведува во реакцијата на поглаварот на МПЦ‒ ОА до директорот на МРТВ, Марјан Цветковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img