More

    Погба се соочи со петмина осомничени пред суд за неговото киднапирање

    spot_img

    Францускиот фудбалер Пол Погба се соочил со најмалку пет негови роднини, пријатели или познаници од детството, осомничени дека учествувале во неговото киднапирање во март 2022 година, пред судот во Париз, дознава Франс прес.

    Таа конфронтација претставува клучен чекор во судската истрага започната во септември 2022 година, бидејќи постојат различни верзии за приказната за Пол Погба и овие петмина обвинети за изнуда со оружје во организирана група и учество во злосторничко здружување.

    Во овој случај обвинет е и шестиот човек, постариот брат на фудбалерот Матијас Погба, но тој денеска не треба да биде присутен на суд, соопшти АФП.
    Матиас Погба е осомничен дека неколку месеци вршел притисок на својот брат да плати изнуда од 13 милиони евра – што тој негира – но не бил присутен ноќта на самото киднапирање.

    Петмината мажи со кои се соочува Пол Погба денес се неговите тројца пријатели од детството и двајца стари познаници од соседството.

    За истражителите тие претставуваат „криминална екипа составена од пријатели од детството, засилена со лице со добро воспоставен криминален профил, со цел да извлечат 13 милиони евра од Пол Погба“.

    На поединечните рочишта пред истражниот судија, тие негираа каква било вмешаност во случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img