Од полноќ за 1,5 денари поевтинуваат бензините, додека за половина денар се намалува цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот „еуросупер – 95“ ќе изнесува 84,50 денари по литар, цената на „еуросупер-98“ ќе биде 86,50 денари, додека дизелот ќе се продава по цена од 74,00 денари по литар.
Масло за горење ќе се продава по цена од 73,50 денари по литар, а цената на мазутот ќе изнесува 44,007 денари по килограм.