Поевтинуваат дизелот и „еуросупер -95“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер-95“, на дизелот и на масло за домаќинство од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на бензинот „еуросупер-98“ не се менува.

Новата цена на „еуросупер – 95“ од полноќ ќе изнесува  80,50 денари за литар, на дизелот  72,50 денари, а на маслото за домаќинство  71,00 денари за литар.

За 0,321 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 44,060 денари.

Share This Article