Малопродажните цени на бензинот „еуросупер-95“, на дизелот и на масло за домаќинство од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на бензинот „еуросупер-98“ не се менува.
Новата цена на „еуросупер – 95“ од полноќ ќе изнесува 80,50 денари за литар, на дизелот 72,50 денари, а на маслото за домаќинство 71,00 денари за литар.
За 0,321 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 44,060 денари.