Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1 денар по литар, а цената на бензинот „еуросупер-98“ се намалува за половина денар, додека цената на бензинот „еуросупер-95“ останува иста, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54%.
Со одлуката на РКЕ за 0,281 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,517 денари.