Поевтина струја само за компании од прехранбениот сектор, водоснабдителните претпријатија и училиштата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

До 10 ноември сите заинтересирани компании од прехранбениот сектор, водоснабдителните претпријатија и училиштата треба да ги поднесат документите за потпишување на договорите за снабдување со струја од ЕСМ според последната мерка на владата за субвенцинирана струја.

– Физичките и правните лица од прехранбениот сектор ќе добиваат струја по цена од 80 евра за мегаватчас, додека водостопанските претпријатија и училиштата по цена од 95 евра за мегаватчас. Оваа струја е наменета само за производствените погони, пумпните за довод на вода и пречистителните станици и училиштата. Другите делови од компаниите и претпријатијата ќе плаќаат струја по пазарна цена  – соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција.

Овие потрошувачи на субвенционирана струја ќе ја користат повластената цена до 30 април следната година, а договорите ќе ги потпишуваат секој месец со важност од први во месецот до први во следниот месец. Ќе се потпишуваат од први до 10-ти во тековниот месец.

Документите кои треба да ги пополнат компаниите, училиштата и водостопанските претпријатија се веќе оставени на интернет страната на ЕСМ, а нивното поднесување се врши електронски.

Share This Article