Подољак се пофали со новото вооружување на војската

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак денеска ги поздрави ветувањата на САД и нивните сојузници дека ќе испратат уште тешко оружје во Киев, по разговорите во германската воздухопловна база Рамштајн и порача дека „Украина станува посилна “.

„Едно од чудните барања на Русија на почетокот на војната беше целосна демилитаризација на Украина. По вчерашната епохална средба на 40 министри за одбрана, имам лоши вести за Русија. Капацитет, брзина, поедноставена логистика, проширен опсег на оружје – Украина станува посилна“, напиша Подољак на Твитер.
Во американската воена база Рамштајн во Германија се одржа состанок на претставници на 40 земји за вооружувањето на Украина, а домаќини на состанокот се САД.

– Украина верува дека може да победи, како и сите присутни овде – рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Рамштајн.

Началникот на Здружениот генералштаб на американските сили, Марк Мили, предупреди дека на Украина и е потребна дополнителна воена помош и дека следните недели се „критични“.

Share This Article