Михаил Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска експресно му одговори на Дмитриј Медведев, еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска напиша: „Прашање е дали Украина ќе постои за две години?
Подољак на Твитер го опиша Медведев како „мал човек со огромни несигурности, што шири отров кон Украина“.
– Тоа му е единствениот начин да се докаже – напиша Подољак и додаде: „Украина била, е и ќе ја биде. Прашањето е каде ќе биде Медведев за две години“, појасни советникот на украинскиот претседател.