More

    Подобрен рејтингот на Јунајтед груп

    spot_img

    Јунајтед груп, водечка телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа, во чии рамки работи компанијата Тотал ТВ во нашата земја, објави дека рејтинг агенциите S&P Global и Moody’s позитивно ги оцениле рејтинзите на компанијата и нејзините идни перспективи.

    S&P Global ја подобри прогнозата за рејтингот на Јунајтед груп од стабилен на позитивен, додека Moody’s го подобри рејтингот од негативен на стабилен.

    Ова е резултат на успешната продажба на инфраструктурата за мобилни кули на Јунајтед груп во Бугарија, Хрватска и во Словенија на TAWAL за 1,22 милијарди евра или 20,1 пати поголема од вредноста на EBITDA. Приливот на средства од оваа трансакција ќе биде искористен за исплата на обврските доспеани во 2024 и 2025 година со значително намалување на задолженоста на Групацијата.

    Јунајтед груп ги гледа овие одлуки како потврда за успешните стратешки иницијативи на компанијата, вклучувајќи го и нејзиното проширување на грчкиот и бугарскиот пазар. Компанијата останува посветена на подобрување на својата финансиска стабилност и можности за понатамошен раст, а истовремено инвестира во нови технологии и проширување на мрежата.

    – Продажбата на нашата мобилна инфраструктура ни овозможи да ја оптимизираме структурата на капиталот, да ја зајакнеме нашата финансиска позиција и успешно да се справиме со силните глобални макроекономски притисоци. Остануваме фокусирани на спроведување на нашата стратегија за раст и обезбедување иновативни и висококвалитетни услуги за нашите клиенти. Ние сме среќни што S&P и Moody’s го препознаа овој успех – изјави Викторија Боклаг, извршна директорка на Јунајтед груп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img