Подморници на руската северна флота со нуклеарен погон лансираа крстосувачки ракети кон морските цели како дел од вежбите во Баренцовото Море, објавија денеска руските новински агенции, повикувајќи се на соопштение на флотата.
„Крстосувачки ракети од нуклеарни подморници на Северната флота погодија морски цели во Баренцовото Море“, јави новинската агенција Тасс.
Подморниците на нуклеарен погон Северодвинск и Орел истрелаа крстосувачки ракети „Калибр“ и „Гранит“ на оддалеченост од околу 170 километри кон целта, симулирајќи раздвојување на непријателските десантни бродови, објави новинската агенција Интерфакс.
„Борбената вежба беше успешно завршена. Употребените ракетни оружја уште еднаш ги потврдија своите вродени карактеристики и високата доверливост“, соопшти Интерфакс, повикувајќи се на соопштение на флотата. ”
Областа за истрелување проектили беше однапред затворена за цивилна навигација и летови. Баренцовото море, дел од Арктичкиот Океан, се наоѓа во близина на северните брегови на Норвешка и Русија и е поделено меѓу норвешките и руските територијални води.