More

    Подморницата „Титан“ по која се трага веќе трет ден има уште неколку часови кислород

    spot_img

    Подморницата „Титан“ по која се трага веќе трет ден има уште неколку часови кислород. Според проценките на крајбрежната стража на САД кислородот би можел да секне по 13 часот и 18 минути, а прашање е и дали е функционална електрониката. Спасувачките тимови нагласија дека мора да останат оптимисти. Денес во потрагата се придружуваат уште десет бродови и подморници на далечинско управување, пишува Дојче Веле.

    Потрагата сега опфаќа површина двојно поголема од државата Конектикат и оди на длабочина до 4 километри. Матичниот брод на подморницата „Полар принц“ е командниот центар на потрагата и тој се наоѓа на локацијата каде што потона бродот „Титаник“.

    Уште се испитува дали звуците кои беа регистрирани вчера со сигурност дошле од подморницата.

    Според Арон Њуман пак, инвеститор во компанијата Оушн Гејт, која го организирала патувањето со подморницата, „Титан“ е дизајниран да се врати на површината по 24 часа. За Си-Ен-Ен тој изјави:

    – Титан држи товар под вода, големи тежини кои помагаат да се стабилизира бродот, кои автоматски се ослободуваат по 24 часа за да може подморницата да излезе на површината. Подморницата е дизајнирана да се враќа.

    – Членовите на екипажот знаат дека можат да го ослободат баластот со нишање на бродот или со користење на пневматска пумпа. Ако сето тоа не успее, јажињата што го прицврстуваат баластот се дизајнирани да се распаднат по 24 часа за автоматски да го испратат назад на површината на океанот -додаде тој.

    Тимови од САД, Канада и Франција пребараа повеќе од 25.900 квадратни километри на отворено море, приближно со големина на Либан, во областа на Атлантикот каде исчезна подморницата со пет лица, но засега нема резултати. изјавија денеска официјални лица.

    Според американската крајбрежна стража звуци како вчерашните биле регистрирани и денеска од подводните удреди кои со сонар барале сигнали.

    Капетанот на крајбрежната стража Џејми Фредерик на прес-конференција рече дека анализата на звуците „не резултира со конкретни заклучоци“.

    – Не знаеме за што се работи. Бараме во областа каде што се слушна – рекол Фредерик.

    Скандал изби во јавноста откако се дозна за техничките фалинки на „Титан“. Подморницата тргна да го извиди историскиот „Титаник“ на речиси 4 километри под површината на морето, на самото дно, но управана е со евтино далечинско од 30 долари. Таа исто така има импровизиран тоалет и е прилично тесна за пет луѓе, од нив само едно би можело да си ги спружи нозете.

    Се шпекулира дека дури и да биде најдена подморницата, извлекувањето на луѓето ќе биде огромен подвиг поради длабочината на која тие веројатно се наоѓаат, но и затоа што отворањето на капакот се прави од внатрешна страна, што значи, останува на петтемина внатре да соберат сила и да го отворат.

    Според едни информации, патниците потпишале изјава дека компанијата Оушн Гејт нема да биде одговорна за нивната евентуална смрт во експедицијата.

    Според Марк Рајс(63), продуцент на серијата „Симпсонови“ кој лани во јули со сопругата Дениз се симнал до потонатиот „Титаник“ во мала подморница, во ваквите договори со компанијата зборот смрт се спомнува дури три пати во текстот.

    – Смртта секогаш демне, секогаш виси во мислите. Дури и пред да стапнете на чамецот (кој ги носи патниците до подморницата) има долг, долг договор за ослбодување од одговрност на компанијата и во него трипати се споменува смртта на првата страница – изјави Рајс за Њујорк Пост.

    Картата за патувањето била 25.000 долари по човек, а меѓу петмината заглавени се Пакистанец и неговиот син, француски истражувач, британски милијардер и газдата на самата компанија Оушн Гејт.

    Се работи за пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот истражувач Пол-Анри Наргело, британецот Хамиш Хардинг и Стоктон Раш, извршниот директор на Оушн Гејт.

    Подморницата „Титан“ е долга 6,7 метри. Таа исчезна во неделата со пет лица на бродот кога тргнала на туристичка обиколка на остатоците од „Титаник“. Подморницата изгубила контакт со својот матичен брод на површината за време на двочасовното нуркање. Конактот бил изгубен по час и 45 минути.

    Поранешен вработен во OceanGate – компанијата која управува со исчезнатата подморница Титан – предупреди на можни безбедносни проблеми со подморницата уште во 2018 година. Дејвид Лохриџ.

    Тој изразил загриженост во извештајот кој „идентификува голем број прашања кои претставуваат сериозни безбедносни ризици“, пишува Би-Би-Си.

    Но, Лохриџ бил отпуштен од компанијата.

    Извршниот директор на Оушн Гејт, пак, Раш Стоктон, во интервју минатата година изјави дека биле спроведени тестови кои откриле дека трупот на Титан „покажува знаци на цикличен замор“.

    Во судското поднесување во мај 2021 година, компанијата соопшти дека Титан претрпел повеќе од 50 пробни нуркања, вклучително и нуркања до длабочина еднаква на Титаник, во длабоки води крај Бахамите и во комора за притисок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img