More

    Подгответе се за зимско сметање на времето

    spot_img

    Oвaa недела на 29 октомври почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Иако многумина сметаат дека ова „зимско – летно“ сметање е штетно по здравјето и веќе со години се залагаат тоа да се укине, во многу земји сѐ уште е актуелно.

    Според лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Истражувањата покажуваат дека тоа ги нарушува природните циклуси на спиење на телото, што може да влијае на психо-физичкото здравје.

    Според клиниката „Мајо“, човечкиот мозок има „биолошки часовник“, наречен и „деноноќен ритам“, којшто работи на 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за дополнителен час или губење еден час сон, тоа го изместува циклусот на спиење и може на некои луѓе да им го наруши или отежне нормалниот распоред. Нарушениот сон може да доведе до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците.
    Губењето еден час сон во пролетните временски промени е поврзано со зголемување на срцевите и мозочните удари. Испитување од Универзитетот Харвард го проучува влијанието на помалку сон врз срцевите заболувања кај глувците. Откриено е дека по 16 недели, кај глувците со нарушен циклус на спиење се развиле поголеми артериски плаки во споредба со глувците со нормално спиење.

    Глувците лишени од сон, исто така, имале двојно повеќе циркулирачки нивоа на бели крвни зрнца и помали количини хипокретин, хормон битен во регулирањето на спиењето и будноста.

    Истражувањата покажале и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодувале на времето.

    Зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостиг на витамин Д којшто се добива од сончевата светлина. Некои луѓе доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на ова нарушување вклучуваат постојано лошо расположение, губење задоволство или интерес за нормални дневни активности, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img