Подгорица е меѓу најтоплите градови во Европа, улиците се речиси празни

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бранот високи температури, кој деновиве го зафати Западен Балкан, денеска особено е почувствуван во главниот град на Црна Гора. Улиците во Подгорица се речиси празни, а оние кои ќе се најдат на улица освежување бараат кај градските чешми.

Во Подгорица во 14 часот е измерена температура од 36 степени Целзиусови, што ја прави Подгорица еден од најтоплите градови во Европа, пишува Анадолија.

Улиците во центарот на градот се претежно без пешаци, додека бројот на граѓаните е забележлив во градските паркови, на места каде што можат да се одморат, како и на бреговите на реките.

Освен во Подгорица високи температури се бележат и во другите црногорски градови. На Жабљак, каде до пред нешто повеќе од еден месец имаше снег, се забележани 25 степени Целзиусови.

Во текот на претходните години, од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) посочија дека треба да се избегнува престој на сонце и излегување од 10 до 17 часот. Тие советуваа дневните простории да се проветруваат во текот на ноќта, а дење да се затвораат прозорците и да се спуштат заштитните ролетни.

Тие ги советуваа граѓаните да избегнуваат напорна физичка работа во најтоплиот дел од денот. За време на топлите денови, ИЈЗ советуваше да се пијат доволно течности, но и да се избегнуваат алкохол, газирани, зашеќерени и премногу разладени пијалоци. Во текот на денот се препорачува неколку пати да се туширате и капете со млака вода.

Што се однесува до исхраната, треба, како што советуваат од ИЈЗ, да јадете почести, понеобилни и лесни оброци.

„Јадете многу свежо, добро измиено овошје и зеленчук. Избегнувајте мрсна и зачинета храна, сушено месо и слатки“, препорачуваат од ИЈЗ.

Што се однесува до облеката, треба да носите лесна и удобна облека, изработена од природни материјали.

- Advertisement -
Ad image

Топло време и високи температури во Црна Гора се најавуваат за наредните денови.

Share This Article