Статуата на Малата сирена, заштитен знак на данската престолнина Копенхаген, беше вандализирана во четвртокот вечерта со сликање на руското знаме на пиедесталот.
Непознат сторител го нацртал руското знаме на каменот на кој лежи статуата посветена на бајката на Ханс Кристијан Андерсен во пристаништето во Копенхаген.
Данската полиција објави дека отворила истрага за сквернавењето на споменикот, со кој сторителот очигледно сакал да ја поддржи Русија во моментот на нејзината агресија врз Украина.
Неколку вчудоневидени туристи ја снимаа вандализираната скулптура во четвртокот наутро.
Бронзената статуа е поставена во 1913 година на релативно изолирано шеталиште и е редовна цел на различни протестни акции.
Така, во 1964 година, Малата сирена за прв пат остана без глава и нејзината оригинална глава не беше пронајдена.
Во 1998 година, вандалите повторно ја обезглавија сирената, а во 2003 година беше цел на експлозија.
Вандалите ја обоиле сирената со различни бои за да го изразат своето несогласување со, на пример, ловот на китови, а во 2020 година на скулптурата се појавил мистериозниот натпис „Расистичка риба“.