More

    Поддршка за повредениот Мауро Икарди

    spot_img

    Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди доби поддршка од неговата сопруга Ванда Нара, која е и агент на играчот.

    Брачниот пар објави заедничка фотографија на која се гледа дека Мауро има повреда на окото. Ванда е со насликана модринка.

    „Среќен Божиќ на сите! Ви посакуваме здравје, мир и многу љубов од Истанбул!“, напиша Ванда Нара во коментар на објавата.

    На 24 декември, Икарди на гостувањето од 18. коло на турското првенство против Фенербахче (0:0), беше удрен во лице од дефанзивецот на домаќините Александар Џику во противничкиот шеснаесетник, но судијата не забележа прекршок.

    Подоцна, прес-службата на Галатасарај објави фотографија од Икарди, кој има модринка под окото и напиша: „ВАР и 26 камери не гледаат ништо, а ние се срамиме од нив“.

    По овој натпревар Галатасарај и Фенербахче имаат по 44 бода на врвот на табелата во турскиот шампионат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img