More

    Под закана се и други градови на брегот на Црното Море

    spot_img

    Руската војска ноќеска со беспилотни летала ги нападна градот и регионот Одеса. Сирените во украинскиот црноморски град биле активирани во 00:57 часот, пренесува БТА.

    Во Одеса се слушнале силни експлозии, а локалните власти го повикаа населението да остане на безбедни места.

    На брегот на Црното Море кружат 10 дронови кои постојано маневрираат, јавуваат украинските медиуми. Под закана се градовите со капитална инфраструктура – Одеса, Черноморси, Јужни, Вилково, Белгород Днестровск и Затока.

    Во текот на ноќта, руските сили 84 пати гранатирале 15 погранични области на украинскиот регион Суми, при што загинале две лица, а девет се ранети, соопштија регионалните власти.

    Регионот Сума долго време е цел на руско гранатирање. Се наоѓа наспроти јужниот руски регион Курск, кој украинските сили го нападнаа на почетокот на август.

    Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, објави дека руските сили ја нападнале и областа Холоднохирски, пренесува Укринформ. Во нападот нема жртви и повредени, предузвикана е само материјална штета.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img