More

    Под Вишиот суд во Подгорица откриен 30-метарски тунел

    spot_img

    Владата на Црна Гора објави фотографии од тунелот ископан под зградата на Вишиот суд во Подгорица. Откако службениците на црногорскиот Виши суд во понеделникот откриле дупка на ѕидот на депото каде се чуваат доказите, ја алармирале полицијата, а подгоричките медиуми почнаа да шпекулираат какви докази исчезнале од судот преку мистериозниот тунел.

    Претседателот на Вишиот суд Борис Савиќ во вторникот стави крај на шпекулациите и истакна дека ниту еден од судските списи или докази не е украден, пренесуваат црногорските медиуми.

    – Утврдивме дека предметите во депото се преместени од нивната претходна локација. Списокот е комплетен, речиси ништо не недостасува. Утврдено е дека предметите се растурени. Не е точна информацијата дека нешто е украдено – изјави Савиќ.

    И покрај тоа што само во последните две години во депото на Вишиот суд во Подгорица биле складирани речиси десет тони дрога, која послужила како доказ, Савиќ смета дека не станува збор за обид за грабеж, туку за подготовување на бекство.

    – Се сомневаме дека целта бил лесен пристап до судот и до притворската соба – рече Савиќ.

    Тој додаде дека вработените во Вишиот суд го нашле само отворот на тунелот на добро скриено место.

    – Станува збор за тоа дека овој отвор се правел долго време, на што укажуваат неговите димензии – рече Савиќ.

     

    Малку подоцна полицијата го открила другиот крај на тунелот во стан во станбена зграда оддалечена десетина метри, кој бил изнајмен пред два месеци, но не ги пронашла сторителите.

    Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ изјави дека тоа е еден вид напад на црногорската држава.

    – Ова е добро осмислена и организирана акција која се подготвувала со месеци и наликува на акциони филмови – рече Аџиќ додавајќи дека црногорската полиција ќе направи сѐ за да ги открие сторителите и дека во моментов е во тек пописот на материјали од депото.

    Премиерот Дритан Абазовиќ, министерот за правда Марко Ковач и министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ, денеска влегоа во тунелот и го обиколија станот од кој тој бил пробиен до Вишиот суд.

    Абазовиќ, како што пренесува Вијести, изразил сомнеж дека во ова е вклучен и некој од судот, бидејќи почетокот на копањето на тунелот се поклопува со почетокот на реновирањето на зградата на судот. Тој додаде дека ќе бара одговорност.

    – Сметам дека ова е поткопување на државата, во суштинска и формална смисла. Мислам дека сме на добар пат истрагата да го покаже својот успех. Денеска ќе се одржи Бирото за оперативна комуникација, утре веројатно Советот за национална безбедност… Мафијата, колку и да е финансиски силна, колку и да има поддршка во институциите на системот, вклучително и во судството, нема да ја победи државата – рече Абазовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img