Последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија се несогледливи, а секојдневно стигнуваат вести за трагично повредени луѓе чии тела се наоѓаат под урнатините.
Турската боречка федерација ги растажи сите со објавата дека животот го загубиле четворица борачи. Тие издадоа соопштение во кое целата ситуација ја нарекоа „катастрофа на вековите“.
„Според последните информации, со голема тага ве известуваме дека починаа нашите синови Ерај Шимшек, Халил Ибрахим Едрене, Хасан Озантурк и Ахмет Дурман, кои беа под урнатините во Кахраманмараш. Сочувство до нашата заедница и нашите сакани луѓе“, се вели во соопштението.
Тие објавија дека осуммина од нив се спасени, а се бараат уште четворица.
Повеќе од 24 илјади луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган соопшти дека во серијата земјотреси се повредени повеќе од 77.000 луѓе, а оние со најтешки повреди се префрлени во болниците во Истанбул.