Под подот на кујната пронашле златници во вредност од 754.000 фунти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британска двојка пронашла повеќе од 260 древни златници скриени под подот на кујната и ги продала на аукција за 754.000 фунти, објавија британските медиуми.

Колекцијата била скриена во тенџере под даските на куќата на неименуваната двојка од 18 век во Елерби, Источен Јоркшир. Колекцијата која датира од 1610 до 1727 година е пронајдена пред три години, објави The Independent.

Златники првично припаѓал на семејството Фернли-Мајстерс од градот Хал. Семејството било познато по увоз и извоз на дрва, железна руда и јаглен, а некои членови подоцна служеле како пратеници во парламентот во раните 1700-ти.

Џозеф Фернли и Сара Мајстер се венчале во 1694 година и живееле во село во источен Јоркшир. Парите парот ги собрал за време на бракот. Џозеф умрел во 1725 година на 77-годишна возраст, додека Сара починала на 81-годишна возраст во 1745 година и „семејната лоза набрзо згаснала“.

Spink & Son, аукционерите кои ги продадоа златниците, ја нарекоа конечната продажна цена „апсолутно извонредна“, при што колекцијата првично беше проценета на 200.000 до 250.000 фунти.

Share This Article