More

    Под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“ утре во Арена „Борис Трајковски“ почнува 35. Меѓународен Саем на книгата

    spot_img

    Под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“ утре во Арена „Борис Трајковски“ почнува 35. Меѓународен Саем на книгата.

    Оваа саемска манифестација е во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, што го организира Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура како покровител на Саемот на книгата.

    На саемот што ќе трае до 10 мај, се најавени над 50 учесници, меѓу кои и најуспешните македонски издавачки куќи, а се очекува да привлече голем број љубители на книгата.

    Неформално познат како „фестивал на пишаниот збор“, секоја година Саемот на книгата е домаќин и главен центар на најзначајните домашни и бројни странски автори и издавачи, кои ги претставуваат своите најактуелни изданија. Најголемата манифестација посветена на книгата на национално ниво е место за промоција на книжевното творештво и љубовта кон пишаниот збор, како и културна размена и иницирање актуелни литературни и општествени прашања, соопштија организаторите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img