Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар Ист гејт мол воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години откако се отвори трговскиот центар. Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари за секој започнат час. Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град.
Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата и тоа на следните локации:
Ниво – 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавниците „Крусел“ (југ) и „Кар бокс“ (север),
Ниво – 1, излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците „Нептун“ (југ) и „5Центар“ (север).
На паркоматите може да се плати со банкноти, но и со дебитни и со кредитни картички.
Бесплатно паркирање до 3 часа ќе имаат сите купувачи на супермаркетот „Тинекс“ со фискална сметка над 999 денари, фитнес центарот Palestra, пералната за коли Car Wash и авто центарот Motocentar со валидација на билетот во нивните продажни места.