More

    Почнува судскиот процес за банкрот на компанијата „Џонсон&Џонсон“

    spot_img

    Пред судот во американската сојузна држава Њу Џерси денеска почнува судскиот процес по барањето на компанијата Џонсон и Џонсон (Ј&Ј) да прогласи банкрот. Луѓето кои ја тужат „Џонсон&Џонсон“(J&J) бараат отштета врз основа на тврдењата дека производите на компанијата, вклучително и пудрата за бебиња, предизвикуваат рак.

    Стечајниот судија Мајкл Каплан во Трентон, прво ќе го сослуша сведочењето и ќе го прегледа доказниот материјал, одлуката се очекува да биде донесена на почетокот на август, пренесува Ројтерс.

    Подружницата на J&J, ЛТЛ Менаџмент, претходно поднесе барање за банкрот, но апелациониот суд го одби со образложение дека условите не се исполнети и дека компанијата не е „во таква финансиска неволја“ за да бара заштита што ја нуди законот за банкрот.

    Веднаш потоа, ЛТЛ Менаџмент поднесе барање за нов стечај, тврдејќи дека овој пат има поголема поддршка од луѓето кои поднеле тужби против J&J.

    Луѓето кои ја тужат J&J бараат отштета врз основа на тврдењата дека производите на компанијата, вклучително и пудрата за бебиња, предизвикуваат рак. Компанијата J&J сака да ги реши проблемите со прогласување банкрот и спогодбата во вкупен износ од 8,13 милијарди евра со која би ги исплатиле илјадниците клиенти кои поднеле тужби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img