More

    Почнува судењето на родителите на Коста К.

    spot_img

    Во Палатата на правдата во Белград денеска почнува судењето на родителите на Коста Кецмановиќ, мочето што во мај годинава  го уби чуварот и девет ученици во основното училиште „Владислав Рибникар“ по приватни тужби поднесени од семејствата на жртвите.

    На 3 мај, Коста Кецмановиќ, тогаш 13-годишник,  изврши масовно убиство во кое уби девет негови врсници и чуварот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“. Против неговиот татко Владимир Кечмановиќ кој по инцидентот е во притвор, е покренато обвинение под сомнение дека оружјето што го поседувал во станот не го чувал соодветно, како и дека синот го однел на стрелиште, каде што го обучувал да употребува огнено оружје. Додека против неговата мајка Миљана Кецмановиќ е покренато обвинение бидејќи нејзината ДНК била пронајдена на чаура која била пронајдена пред кабинетот по историја, каде што Коста го извршил масакрот врз своите соученици.

    Во Палатата на правдата денеска почнува судењето на родителите на Кецмановиќ по приватни тужби поднесени од 27 членови на семејствата на жртвите од основното училиште „Владислав Рибникар“. Станува збор за граѓанска постапка поднесена од семејствата, во која тие поднеле имотно правно барање поради душевните болки кои ги претрпеле поради смрт на близок, како и поради страв.

    Тужбата во граѓанска постапка е поднесена со цел да се оправдаат привремените мерки кои се веќе определени, а кои се однесуваат на забраната за располагање со имотот на семејството на момчето, јавува Блиц.

    – Тужбата е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв. Исто така, со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата, па сѐ додека траат условите за тоа – и тоа на име на идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице – пренесува Република.рс

    Против Миљана Кецмановиќ веќе е поднесена една тужба од четворица членови на семејството на една од жртвите и побарана е отштета од околу 300.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img