More

    Почнува собраниската расправа за данокот за солидарност

    spot_img

    Собранието денеска треба да ја почне расправата за предлог законот кој предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година.

    Владата која предложи законот да се носи по скратена постапка, нагласува дека оваа давачка за компаниите ќе биде еднократна, вонредна и привремена, а се однесува на компаниите кои плаќаат данок на добивка.

    Овој данок еднократно ќе го платат компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 10 милиони евра (615.000.000 денари), а се пресметува на разликата во добивката во однос на претходните 3 години. Стапката на данокот на силидарност е 30 отсто.

    Причина за донесување на оваа обврска на компаниите, според образложението на владата,  е дека тие во услови на кризна состојба профитирале.

    „Во услови на криза, од една страна се социјално загрозените категории на граѓани кои тешко ја поднесуваат ценовната и енергетската криза, а од друга страна се определен број на компании кои како резултат на таа криза остварија значително зголемени приходи“, се вели во образложението на владата за донесување на законот.

    Законот предвидува и казни за компаниите кои нема да го платат овој данок или се обидат да манипулираат.

    Ако компанија од средна големина не поднесе до Управата за јавни приходи соодветен образец за пресметување на данокот за солидарност во утврдениот рок ќе плати глоба од 1.800 до 6.000 евра. За големите компании глобата се движи од 3.000 до 10.000 евра. Казнети ќе бидат и менаџерите. И тоа тие што раководат со средна компанија ќе платат казна во износ од 150 до 500 евра, а оние кои раководат голема компанија ќе бидат казнети со глоба од 200 до 500 евра.

    Доколку, пак данокот не се плати навреме глобата е 1.800 до 6.000 евра за средна компанија и од 3.000 до 10.000 евра за голема компанија, а ќе бидат казнети и раководителите на компаниите.

    Фирмите кои ќе се обидат да ги скријат зголемените приходи за да не го платат овој данок ќе платат од 3.600 до 12.000 евра за средна компанија и од 6.000 до 20.000 евра за голема компанија. Ќе бидат казнети и нивните менаџери. Тие кои раководат со средни компании ќе платат казна од 300 до 1.000 евра, а за големите компании казната е од 400 до 1000 евра.

    Владата очекува од овој данок да се слеат 76,4 милиони евра во државната каса.

    Придонесот за солидарност, појаснуваат од владата, треба да дејствува како редистрибутивна мерка, за да се осигури дека компаниите кои оствариле вишок профит поради неочекувани околности пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар.

    Оттаму додаваат дека т.н. данок на екстра профит, веќе е практика во Европската унија. Ваков данок воведоа: Хрватска, Бугарија, Грција, Унгарија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Германија.

    Фото: Pixabay

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img