Почнува „Скопско лето“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Овогодинешното 43-то издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2022 свечено ќе се отвори вечер со концерт на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С под диригентската палка на Тимоти Редмонд на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката во салонот на Национална опера и балет.

Овој концерт, како што информираа организаторите, е по повод затворањето на француското претстедателство на Советот на Европа.

Настанот е во соработка со Амбасада на Франција, Француски Институт во Скопје и проектот ФАМЕ’С.

Годинава, како што најавија организаторите, ќе има 30 настани, а како и секоја година, најзастепана ќе биде музиката, но ќе има и театарски претстави, изложби, фото изложби, програми за деца. И оваа година основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но годинава има и богат избор на меѓународни програми.

Ќе има гости уметници од Јапонија се до САД и Канада, но и гости од регионот, од соседните држави, од Бугарија, Грција, Црна Гора, Србија, но и од европските држави.

Во рамки на фестивалот меѓудругото ќе се одржат театарските претстави „Нема да е крај на светот“, „Торонто Експрес“, „Последната лента на Крап“, театарска претстава за деца „Во детска соба“, концерт на „Танец“, изложба на Пол Ванд од САД „Природа на математиката“ и концерт на „Џим Политис Квартет“.

Share This Article