Почнува реализацијата на четирите нови системи за наводнување, Страиште, Лисиче, Конско и Пепелиште, со кои ќе бидат опфатени 13.000 хектари земјоделско земјиште. Инвестицијата вредна над 100 милиони евра, ќе се реализира преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 70% од парите се поддршка од германската КФВ банка, 80 милиони евра заем и 2,8 милиони евра грант за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во областите опфатени со хидросистемите, додека останатите 30% се од државниот буџет.
Договорот со меѓународната консултантска компанија „Consulting engineers Salzgitter“ (ЦЕС), четирите нови системи се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар. Хидросистемот Лисиче ги опфаќа земјоделците од Велес и Чашка и обезбедува наводнување за 3.650 хекатри, системот Пепелиште опфаќа 3 000 хектари во Неготино и Демир Капија, Страиште 1.500 хекатри во Валандово и најголемиот, Конско, опфаќа 5.500 хектари на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.
Договорот потпишан со консултантската компанија „тежи“ 9,1 милиони евра и предвидува изготвување главни проекти за иградба на четирите системи, подготовка на документација, распишување постапка за изградба, надзор и имплементација. Физибилити студиите се веќе изговени, а направена е и проценка на еколошкото влијание на системите.