По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, денеска во касарната ,,Илинден“ во Скопје во 18 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија, од состав на артилерискиот баталјон на Армијата, соопшти Генералштабот на Армијата.
Како што е соопштено претходно, во попладневните часови во период од 15.00 до 18.00 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.