Денеска почнува вакцинацијата за против сезонски грип, а за најкритичните категории се обезбедени 60.000 бесплатни дози, а досега интерес пројавиле над 30.000 граѓани.
Вакцинацијата ќе се врши во сите центри за јавно здравје низ државата. Најголем интерес досега има кај хронично болните и повозрасни и изнемоштени лица. Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата вакцинација.мк, преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.
Сите заинтересирани треба да поднесат електронска апликација на интернет страната вакцинација.мк.
Здравствените власти потсетуваат дека на вакцинација се оди здрав. Од Министерството за здравство велат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи.
Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:
– Стари лица (над 65 години)
– Лица со хронични заболувања
– Здравствени работници
– Бремени жени
– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години
– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.