Пред откривањето на новиот Peugeot 3008 во септември 2023 година, камуфлирани прототипови ќе се најдат на патиштата низ Европа ова лето за да се аплицира и финализира „последиот допир“ на оваа акција. Peugeot започнува проект на социјалните мрежи за да се истакне оваа акција. Пошироката јавност ќе може да го избере дизајнот на камуфлажите кои ќе се користат на овој долгоочекуван нов модел.
За меѓународното лансирање на новиот 3008, Peugeot одлучи да го даде најдоброто од себе. Камуфлажата е важна фаза за автомобилскиот производ. Неговата единствена цел е да ја скрие каросеријата на возилото и да ја заштити нејзината доверливост пред неговото лансирање. Peugeot оди чекор напред за да ја претвори оваа клучна фаза во комуникациска алатка со тоа што ѝ дозволува на пошироката јавност за прв пат активно да учествува во изборот на камуфлажи за неговиот иден 3008.
Детали за акцијата на Peugeot #CAMOCATCH
Дизајнерите на Peugeot создадоа 10 нови, издржливи и иновативни камуфлажни модели, кои можат да ги сокријат деталите на мачкастите форми на новиот Peugeot 3008, а во исто време да ги разбудат емоциите благодарение на инспирираниот и оптимистички пристап на графички дизајн кој докажува дека „Светот е многу подобро место со Allure“!
Од 15 до 31 мај, Peugeot започнува комуникациска кампања на социјалните мрежи и ја поканува пошироката јавност да ја избере својата омилена камуфлажа(и) меѓу 10-те опции дизајнирани од дизајнерите на PEUGEOT.
За да го направите ова, сè што треба да направите е да гласате на страните на социјалните мрежи на брендот: Facebook, Instagram, Twitter и LinkedIn.
Шесте камуфлажи кои ќе добијат најмногу гласови ќе бидат произведени во јуни и ќе се користат за покривање на новите Peugeot 3008 кои ќе учествуваат во тестирањето на отворен пат ова лето.
Сликајте и објавувајте!
Помеѓу 1 јули и 15 август, новите камуфлирани автомобили Peugeot 3008, ќе можете да ги видите на патиштата низ Европа. Компанијата ги поканува сите кои имаат среќа да видат камуфлиран Peugeot 3008 да го фотографираат (со почитување на безбедносните прописи) и да ја објават сликата на профилот на Peugeot со хаштаг #CAMOCATCH.
Peugeot имплементира стратегија на соработки и партнерства со млади дизајнери уметници од Европа од почетокот на 2023 година. Овој пат, соработката на брендот е проширена на меѓународна публика за промовирање на дизајнерската експертиза на Peugeot на максимален број луѓе.