Од денеска почнува зимскиот распуст за учениците од основните и од средните училишта. Учениците на настава, во второто полугодие, треба да се вратат на 20 јануари.
Оваа учебна година ќе трае до 10 јуни, а исклучок се учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Во второто полугодие, учениците годинава ќе го немаат пролетниот распуст, како што тоа беше случај минатата година и кога учебната година беше продолжена до 17 јуни.
За укинувањето на пролетниот распуст, Министерството за образование и наука (МОН) во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија. Како што информираа од МОН, мнозинството се изјаснило дека не сака пролетен распуст.
На почетокот на новата учебна година, од МОН рекоа дека таа ќе започне за 245.000 ученици во основните и во средните училишта, бројка што во последните 7 години е намалена за 17 илјади.