More

    Почна невремето во Скопје, се очекува град

    spot_img

    Голема гранка од дрво се струполи близу паркингот на „Веро Џамбо“ и го попречи сообраќајот на улицата која влегува во населбата „Пролет“.

    Од снимките кои ги направи нашата редакција може да се види дека гранката се протега од едниот до другиот крај на коловозот каде има кафани и автоперална, а едно возило е непосредно паркирано на коловозот.

    Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.

    По најавите за врнежи на целата територија од државата, а со оглед на тоа што почвите и теренот се релативно влажни од УХМР предупредуваат дека во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта.

    „Соодветно најавата на синоптичарите дека во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и дека локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град, во Секторот хидрологија ги анализиравме резултатите од достапните модели и дојдовме до заклучок дека доколку процесите бидат интензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано истекување на вода по падините, малите реки и суводолиците, а на одредени локации можно е да се јават локални проблеми“, се вели во соопштението од УХМР.

    Претходно од УХМР најавија дека во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и грмежи. Утре долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, а од петок времето ќе биде стабилно и топло.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img