Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за 76-годишнината од формирањето на републиката, соопшти Кремљ.
„Почитуван другар Ким Џонг Ун, те молам прими ги моите искрени честитки по повод 76-годишнината од основањето на Демократска Народна Република Кореја“, се наведува во обраќањето на рускиот претседател, цитирано од агенцијата ТАСС.
Путин истакна дека односите меѓу двете земји остануваат на високо ниво, а тоа е „целосно потврдено со неодамнешните значајни и плодни разговори во Пјонгјанг“.
„Сигурен сум дека сеопфатното стратешко партнерство меѓу Русија и Република Таџикистан ќе се зајакне благодарение на нашите заеднички напори“, додаде Путин.