Началникот на криминалистичката полициска станица за сузбивање крвни прекршоци и семејно насилство, Срѓан Корач изјави дека полицијата во 11:35 часот добила известување дека во зградата на Основниот суд во Подгорица била активирана експлозивна направа и дека има повреди.
„Утврдивме дека е убиен М.Б.(40), кој ја активирал експлозивната направа. Имаме уште пет повредени лица кои се сместени во Клиничкиот центар“, изјави Корач за новинарите.