Почина уметникот Јован Балов

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 60-годишна возраст почина нашиот ликовен уметник Јован Балов, кој живееше и работеше во Берлин- Германија, соопшти неговото семејство на социјалните мрежи.

Во уметничката кариера долга 40 години, Балов реализирал изложби во Македонија, но и во Германија, Русија, Словенија, Франција, Грција, Австрија, Полска, Финска, Израел, Англија, Србија, Италија и во други земји.
Балов беше заслужен за афирмацијата на многу наши уметници во Германија.

Од 2004 година наваму, во галеријата „Прима центар“ во Берлин, по негова заслуга беа реализирани голем број изложби на наши и на странски автори. За неговиот ангажман во 2007 година во Атина беше прогласен за херој на балканската култура.

Share This Article