Background

ПОЧИНА ТЕОФИЛ ПАНЧИЌ

По долга и тешка болест на 60-годишна возраст синоќа почина Теофил Панчиќ, еден од најистакнатите новинари и писатели од поранешна Југославија. Во текот на неговата богата кариера беше препознаен како остар коментатор на општествени и политички настани, долгогодишен колумнист на неделникот Време, политички коментатор на Радио Слободна Европа и соработник на бројни регионални и меѓународни медиуми.

Роден во 1965 година во Скопје, Панчиќ својата младост ја поминал во неколку градови на поранешна Југославија, меѓу кои и Загреб, каде што се школувал и ја започнал својата новинарска кариера. Подоцна се преселил во Србија, прво во Белград, а потоа во Нови Сад и во Земун, каде што живеел до крајот на животот. Неговите текстови се занимаваа со анализа на општеството, културата и политиката, често со изразена критичка острина. Како колумнист и есеист, Панчиќ се здоби со репутација на остар, прецизен и бескомпромисен аналитичар и голем интелектуалец, чии зборови имаа силна резонанца во јавноста.

Покрај новинарството, значаен придонес има и во литературата. Има објавено неколку книги. Неговите есеи, критики и новинарски текстови сведочеа за промените во општеството, а неговите аналитички вештини и стил го направија еден од најпочитуваните интелектуалци во регионот.

- Advertisement -
Ad image

Панчиќ во текот на кариерата доживеал и физички напади поради своите ставови, но тоа не го спречило да продолжи да пишува и отворено да ги кажува своите мислења. Како член на Независното здружение на новинари од Војводина, тој остана доследен на своите убедувања, новинарски принципи и професионалниот интегритет.

Неговото заминување остава празнина во регионалното новинарство и литература, но и во поширокиот интелектуален простор. Преку своето пишување, Панчиќ неуморно се залагаше за рационално размислување, слобода на изразување и критички однос кон општествените настани, честопати спротивставени на националистичките наративи и популизмот. Неговата способност да ги анализира и контекстуализира општествените промени беше препознаена надвор од регионот, а текстовите што останаа зад него се неизбришлива трага од неговиот придонес во општеството.

Напишал повеќе од 20 книги, повеќето збирки есеи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation