More

    Почина тапанарот и ко-основач на легендарниот бенд „Modest Mouse“, Џеремаја Грин

    spot_img

    Тапанарот и ко-основач на легендарниот бенд „Modest Mouse“, Џеремаја Грин, почина во саботата по долга борба со ракот, на 45-годишна возраст.

    Во соопштението објавено од бендот се наведува дека Грин починал во сон.

    „Не знам начин како да го олеснам ова, денес го загубивме нашиот драг пријател, Џеремаја. Сега би сакал да кажам многу убави зборови, но едноставно не е време. Ова ќе дојде подоцна, и од многу луѓе. Ве молиме ценете ја љубовта што ја давате, примате, сте дале и ќе ја добиете. Над сите. Ве сакаме“ се вели во објавата бендот на Фејсбук.

    На Грин неодамна му бил дијагностициран рак во стадиум 4, откри неговата мајка Керол Наматаме на Божиќ, пишува „Њујорк пост“.

    Грин го основа „Modest Mouse“ заедно со пејачот Исак Брок и басистот Ерик Џуди во 1992 година. Со „Modest Mouse“ настапуваше до 2003 година, кога реши да го напушти бендот. Паузата на Грин траеше само една година и тој повторно им се придружи на своите колеги од бендот во 2004 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img