Српскиот актер Танасие Узуновиќ почина на 81-годишна возраст на Клиниката за итна медицина ВМА, објавија српските медиуми.
Узуновиќ неколку дена лежел на ВМА.
Роден е на 25 септември 1942 година во Ниш. Театарска академија завршил во класата на професорката Љиљана Крстиќ.
Освен во театарот, играше во над 50 филмови и ТВ-драми.
Најпознат е по улогата на Рајко Малешевиќ од телевизиската серија „Мојот братучед од селото“ (2008 – 2011).