Почина српската актерка Бранка Веселиновиќ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На 105-годишна возраст почина легендата на српскиот театар, познатата Бранка Веселиновиќ.

Таа е родена во далечната 1918 година во Нови Бечеј, а во текот на кариерата играла во повеќе од 100 претстави во театарот и повеќе од 50 телевизиски серии и филмови.

Добитничка е на бројни награди и признанија за нејзината актерска и хуманитарна работа.

По дипломирањето на Трговската академија во Нови Сад и на Актерската школа во Белград, како и ангажманот во СНП, таа се префрла во Уметничкиот театар во Белград, кој окупаторот го затворил по само една година од нејзиниот престој таму.

По Втората светска војна најпрвин станала член на Народниот, а потоа и на Југословенскиот драмски театар каде останала до крајот на нејзината театарска кариера, следните 30 години.

Share This Article