Музичарот и пејач Шејн Мекгован, најпознат како фронтмен на „The Pogues“, почина на 65-годишна возраст.
Веста за смртта на легендарниот рокер, кој стоеше зад култната божиќна песна „Fairytale of New York“, со пост на Инстаграм ја објави неговата сопруга Викторија Мери Кларк.
„Шејн секогаш ќе биде мојата светлина, мерка на моите соништа и љубов на мојот живот“, напиша таа, пренесува „Скај њуз“.
Ирската ѕвезда во последните години страдаше од неколку здравствени проблеми, поради што со месеци беше во болница.
Во декември 2022 година, Мекгован беше хоспитализиран поради вирусен енцефалитис, поради што неколку месеци од годината бил на интензивна нега.
Настапувал со музичари како Кирсти Мекол, Шинејд О’Конор и Ник Кејв.
ФОТО: Фејсбу