ПОЧИНА „ПРВИОТ ЦРНЕЧКИ АКЦИОНЕН ХЕРОЈ“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот актер Ричард Раундтри, познат како „првиот црнечки акционен филмски херој“, почина вчера на 81-годишна возраст, изјави неговиот менаџер Патрик Мекмин за „Холивуд репортер“.

Раундтри почина во својот дом во Лос Анџелес од рак на панкреасот, изјави менаџерот Патрик Мекмин.

Раундтри беше најпознат по улогата на приватниот детектив Џон Шафт во филмот „Шафт“ од 1971 година и продолженијата „Шафт Биг Скор“ и „Шафт во Африка“, но и по улогите кои се занимаваат со расните односи во Америка.

Улогата на груб уличен лик, полицаец облечен во шарени кожени јакни и популарната музичка тема на Ајсак Хејс придонесоа за неговата популарност меѓу белата публика во седумдесеттите, пишуваат американските медиуми.

Share This Article