Нуен Фу Тронг, најмоќниот современ лидер на Виетнам и архитект на најголемата антикорупциска кампања во земјата, почина денеска на 80-годишна возраст.
Нуен од 2011 година до денеска ја извршуваше функцијата генерален секретар на Комунистичката партија. Под негово водство илјадници луѓе беа уапсени под обвиненија за корупција, а во еднопартиската држава се интензивираше репресијата против дисидентите и активистите.
Антикорупциската акција на Нуен од висок профил, за која аналитичарите велат дека е исто така поврзана со политичките борби, ги зафати партијата, полицијата, вооружените сили и бизнисот.
Нуен беше претседател на Виетнам од 2018 до 2021 година.