More

    Почина писателот Пол Остер

    spot_img

    Наградуваниот американски романсиер Пол Остер почина на 77 години од компликации предизвикани од рак на белите дробови. Остер, кој е роден во САД, но прославен ширум светот, почина синоќа во својот дом во Бруклин, Њујорк.

    Остер, водечка фигура во неговата генерација постмодерни американски писатели, објави 34 книги во текот на својата кариера, кои привлекоа голема и посветена публика. Aвтор e на „Њујоршката трилогија“ на детективски-мистериозни приказни.

    Роден е на 3 февруари 1947 во Њуарк, Њу Џерси од родители со австриско еврејско потекло. Работел како преведувач во Париз неколку години, а за тоа време се запознал со ирскиот писател Семјуел Бекет, кој имал огромно влијание врз неговото пишување.

    Книгите на Остер се преведени на повеќе од 30 јазици и освоија бројни награди, а е автор и на сценариото за филмот „Чад“ во режија на Вејн Ванг, кој ја освои Сребрената мечка на Берлинскиот филмски фестивал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img