Пејачот Дмитриј Свиригунов, познат како Дима Нова(34) кој во песна ја прозва наводната вила на рускиот претседател Владимир Путин вредна 1,3 милијарди долари пропадна во мраз минувајќи ја реката Волга и почина, пренесува Сиднеј Морнинг Хералд. Бендот „Крем Сода“ каде тој членуваше потврди дека пејачот починал и изјави дека полицијата трага по неговиот брат и по пријателот Гоша Киселев.
„Синоќа се случи трагедија. Нашиот Дима Нова се движеше покрај Волга со пријател и падна низ мразот. Министерството за вонредни ситуации сè уште трага по неговиот брат Ром и по пријателот Гоша Киселев. Аристарх, нашиот пријател кој исто така падна низ мраз, е пронајден, но нема спас за него. Веднаш штом ќе имаме информација од Министерството за вонредни ситуации ќе ве информираме“, напиша групата.