More

    Почина пејачката и актерка Џејн Биркин, која важеше за модна икона во 60-тите и 70-тите на минатиот век

    spot_img

    Пејачката и актерка Џејн Биркин, која важеше за модна икона во 60-тите и 70-тите на минатиот век, почина денеска (недела) на 76-годишна возраст, јавуваат француските медиуми.

    Англиско-француската ѕвезда беше позната и по својата професионална и лична врска со музичарот Серж Генсбург, кој почина во 1991 година. Таа е родена во Лондон, но се прослави пеејќи на француски јазик, откако се пресели во Франција во 70-тите години.

    Нејзината лична и уметничка врска со Гејнсбург ја направи славна низ светот по нивниот меѓународен хит „Je t’aime… moi non plus“. Дуетот е снимен во 1968 година, неколку месеци откако се запознале на снимањето на филмот „Слоган“.

    Биркин и Гејнсбур биле заедно 12 години, но останале пријатели по нивното разделување. Гејнсбур бил 18 години постар од Биркин и продолжил да пишува песни за неа и по нивната разделба. Тие имале и ќерка, Шарлот Гејнсбур, која е наградувана актерка и пејачка.

    Биркин ја продолжи својата актерска и пејачка кариера, објавувајќи албуми меѓу кои „Baby Alone in Babylone“ во 1983 година и „Amour des Feintes“ во 1990 година.

    Актерските заслуги на Биркин вклучуваат филмови како што се класичните „Blow Up“ од 1966 година, „Death on the Nile “ (1978) и „Evil Under the Sun“ (1982).

    Во 2002 година, таа го издаде албумот кој го напиша самостојно, наречен „Arabesque“ и колекција на снимки во живо во 2009 година под наслов „Jane at the Palace“.

    Во периодот на најголемата слава, во 70-те години, беше светска модна икона, поради што луксузниот бренд „Хермес“ по неа ја нарече денес најпознатата чанта „Хермес Биркин“, која се смета за статусен симбол, луксуз и е многу барана од џет-сетот.

    Мена Ролингс, британската амбасадорка во Франција, и оддаде почит на Твитер, опишувајќи ја како „најголемата Французинка меѓу британските уметници“.

    Француската министерка за култура Розелин Башело изјави за француската ТВ станица „БФМ“: „Ова заминување е толку тажно. Таа беше прекрасна личност“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img