Почина осуденик во Затвор – Штип, потврди директорот на затворот, Мики Тодоров.
Станува збор за возрасно лице, кое вчера со возило на Итната медицинска помош било однесено во Клиничката болница во Штип на интерно одделение, каде останало неколку часа, а утринава е отпуштено.
Осуденикот починал само што бил вратен во затворот и за тоа биле известени екипи на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт.
Тодоров изјави дека за смртта на осуденикот е известен и СВР Штип, а според сите документи со кои располагаат во однос на здравствената состојба на лицето, не е дадено наредба да се изврши обдукција.